Со субвенции од Владата, германската авиокоманија „Луфтханза“ ќе воведе една нова авиолинија – од Скопје до Франкфурт, а „Виз Ер“ четири, – од Скопје до Луксембург, Штутград, Салцубург и до Љубљана.
„Луфтханза“ ќе лета од Скопје до Франкфурт од 23 април десет пати неделно, а „Виз Ер“ за новите четири дестинации три пати неделно од 1 ноември годинава.
Финансиската поддршка ќе изнесува седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје.
„Со „Луфтханза“ преку Франкфурт се поврзуваме со повеќе од 200 дестинации. Преку субвенцонирање на авиолинии овозможуваме раст на економијата и на авиосообраќајот, рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски потенцираше воведените нови дестинации се поради големиот интерс од граѓаните.
Министерството за транспорт и врски во својот буџет годинава има предвидено 1,1 милион евра за оваа намена, а вкупно пет милиони евра за тригодишната програма.






