Портпаролот на Владата, Мухамед Хоџа во изјава за Алсат М објави дека статусот на бегалците од Авганистан кои ќе пристигнат во Македонија (засега најмалку 650), ќе се регулира преку Законот за странци, ова значи дека нивниот престој ќе биде повеќе од три месеци и дека тие нема брзо да заминат за САД како што беше најавувано на почетокот.
Според Хоџа Владата во наредниве денови ќе усвои план за ресоцијализација, образование на децата и за здравствено осигурување. На бегалците веднаш ќе им бидат понудени бесплатни вакцини и бесплатни здравствени прегледи.
“Статусот на лицата што се очекува да пристигнат од Авганистан во нашата земја ќе биде во согласност со одредбите на Законот за странци. Релевантните институции ги разгледуваат можностите за ресоцијализација на овие лица, ова ќе биде завршено во наредните денови. Во моментов фокусирани сме на нивниот прием и сместување во соодветните хотели. Прашањето за образованието на децата, прашањето за вработување и прашањето за здравствено осигурување ќе бидат разгледани и регулирани во наредните денови, почитувајќи ги законските одредби во земјава”, изјави Портпаролот на Владата.
Извор Алсат М






