„Работата на Владата продолжува да се одвива непречено преку дигиталните алатки за комуникација и за одржување состаноци. И во услови на изолација продолжува редовната комуникација и координацијата на сите процеси во државата и управувањето со кризата со коронавирусот“, стои во соопштението од Владата по информациите дека техничкиот премиер и и тројца министри ќе мора да заминат во самоизолација.
„По информацијата дека градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски е позитивен на КОВИД-19, а кој вчера одржа состанок на кризниот штаб на Куманово, ја информираме јавноста дека премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за образование Арбер Адеми и државниот секретар во министерството за здравство Владимир Милошев кои присуствуваа на состанокот, во моментов одат во домашна изолација.
(…)
Во текот на денот ќе се утврди колку и кои лица ќе треба да останат во 14-дневна изолација. Во Скопје започнаа анкетите од Институтот за јавно здравје со сите членови во Владата кои беа присутни на состанокот, по што ќе биде дадена епидемиолошка проценка на ризикот и насоки за понатамошно постапување“ се вели, меѓу другото во соопштението од Владата.





