Владата ќе плаќа 10 милиони евра поскапа Сајбер одбрана од досегашната

Сајбер одбраната што ќе ја плаќа Владата за јавната администрација во наредните три години ќе чини 25 милиони евра, наместо досегашните 15 милиони, пишува Фактор. Мк
Набавката на софтверски лиценци и сервиси, што е една од цените што треба да ја плаќаме како 30-та членка на НАТО, ќе не чини 1.520.343.083 денари што во наредните 36 месеци ќе му се исплаќаат на конзорциумот Крејон Македонија – Аитоникс.
Новиот договор е склучен во долари како валута. Договорена е исплата на 26,5 милиони долари. Наведената сума ќе мора да се обезбеди дури и ако доларот во наредниот период значително зајакнува во однос на денарот.
Понудата не била најниската. Имало и таква за 22,7 милиони долари. Останати понудувачи биле Комтрејд Дистрибуција, Softwareone AG и Телелинк бизнис сервисис.
„Крејон Македонија“ е една од најголемите фирми во Македонија кои прават приходи во милиони евра а при тоа немаат ниту еден вработен.

Извор : https://faktor.mk/sajber-odbranata-na-vladata-poskape-od-15-na-25-milioni-evra