Владата нема намера да се спогодува со ексфункционерите обвинети во предметите на СЈО, а кои поднесоа апликации против државата пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур повикувајќи се аболицијата од бившиот претседател Ѓорге Иванов, соопшти министерот за правда, Бојан Маричиќ.



Обвинети во случаите кои произлегоа од незаконското прислушување се поранешниот премиер, Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков и други кои поднесоа тужби пред Судот во Стразбур, повикувајќи се на аболицијата од 2016 година.

Министерот на прес-конференција соопшти дека Владата го задолжила владиниот агент, до 18 декември, односно во предвидениот рок, да го извести Евроспкиот суд за човекови права во Стразбур за ваквата одлука.

„Помилувањата на поранешниот претседател Иванов беа спротивни на домашното право и како такви беа извор на правна несигурност, како и директен повод за големо незадоволство кај граѓаните. Нивното поништување, пак, беше повторно воспостваување на нарушената правна рамнотежа. Владата е должна ваквиот став да го брани пред Судот во Стразбур“, рече министерот.

Пораката е, додаде, дека оваа Влада не е подготвена да прогласи врв на неказнивост.

„Ние немаме друга алетрнатива освен да останеме конзистентни на политиките и заложбите за неселективна правда што не ја загорузва пресумпцијата на невиност на обвинетите“, истакна Маричиќ.