Владата соопшти дека поради вонредната состојба и сите воведени рестрикции, од денеска прес-конференциите ќе се реализираат исклучиво преку онлајн стрим, без присуство на новинари и сниматели.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, целта на овие мерки е заедничка заштита и обезбедување услови за работа согласно актуелната ситуација.





