По 6.000 денари ќе добијат граѓаните со низок доход, пензионерите кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.



Помошта ќе биде слична како кога граѓани добиваа платежни картички и секој којшто мисли дека треба да добие треба да изврши проверка дали е на листата со внесување на својот матичен број на страницaта kupuvamdomasono.mk по изгласувањето на законот кој веќе стигна во Собрание.

Но, за разлика од тогаш, сега парите ќе може да се трошат во однапред утврдени дуќани кои продаваат домашни производи и македонски услужни субјекти. Нив претходно ќе ги избере Владата, открива „Фактор“.

Откако ќе ги избере тие ќе бидат објавени на интернет страницата
 www.kupuvamdomasno.gov.mk, граѓаните ќе ги трошат своите пари само таму.

Значи од Владата се категорични дека примената финансиска поддршка корисниците треба да ја користат исклучиво за купување на македонски производи и услуги кај правни и физички лица од таа листа и само до 25 декември.

ПОВЕЌЕ