Помеѓу здравјето и економијта Владата го направила изборот и го избра здравјето, но сега е крeиран и првиот пакет за обезбедување ликвидност на буџетот, соопшти на денешната прес-конференција министерката за финансии , Нина Ангеловска.
Две најважни мерки се> ликвидност на буџетот и заштита на стопнството и секое работно место со инектирање средсtва во бизнисот.
Во планот за задолжувањето и финансисрањето на буџетот да се искористи еден специјален инструмент – Заем до еврообврзницва до 400 милиони евра за да се сервисираат потребите во време на справување со пандемијата. Ќе биде исплатен со средствата од еврообврзницата. Ова ќе биде заем од странски комерцијални банки по поволни услови. Од понеделник ќе биде отпочнат процесот.
80 милиони евра од ММФ ни стојат на располагање и ќе ги бараме. Од светската банка ќе повлечеме 100 милиони евра. Од понеделник ќе ги доставиме барањата, рече минситерката за финансии Нина Ангеловска.






