Владата ги покани граѓаните на прослава на Денот на независноста – 8 Септември в недела од 11 часот пред „Школка“ во скопскиот Градски Парк без да го спомне името на државата во пропагандните материјали.
Во промотивното видео од 44 секунди за прославата со мото „Боите на независноста“ ниту еднаш не се спомнува државното име што Владата на Заев го официјализира на 12 февруари годинава, и покрај пропаднатиот референдум од 30 септември 2018 година.
Единствен израз што упатува на тоа е „нашата земја“ употребен за „традиционалната храна од сите краишта“ што ќе била поставена на повеќе штандови.





