ТВ презентерка на вести ќе стане генерален конзул на Македонија во Њујорк, САД, дознава ЗООМ од владини извори.
На затворена седница, владата по предлог на Министерството за надворешни работи, го утврдил предлогот тв презентерката Бесмира Ејупи да биде пратена за македонски генерален конзул во Њујорк.
Финалната одлука за испраќањето на телевизиската презентерка која нема никакво диоломатсконискуство треба да ја донесе претседателот Стево Пендаровски по што владата ќе може да бара агреман од САД како земја домаќин за новиот конзул.






