Владата именуваше уште еден новинар за позицијата портпарол

На денешната седница, Владата го именуваше новинарот Душко Арсовски за нејзин портпарол.



Арсовски е новинар кој следел надворешна политика и ЕУ.

Од 2012 година е уредник за надворешна политика во МРТ, уредник на централниот дневник и во еден период заменик главен уредник на Информативната програма.

Покрај него, активен портпарол на Владата останува и Мухамет Хоџа.