Владата не даде првична оценка за големата трагедија што се случи во Ковид центарот во Тетово каде загинаа најмалку 10 луѓе.
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи по состанокот на Кризниот штаб изјави дека нема да се даваат изјави, ниту детали за трагедијата, се додека не се добијат прецизни информации по завршувањето на истрагата.
И премиерот Зоран Заев ја напушти зградата на Општина Тетово без изјава во очекување на повеќе детали за несреќата.
Претходно министерот Филипче објави на Твитер дека во експлозијата и пожарот во модуларната болница загинале 10 лица, но дека тој број може да се зголеми.

За денеска во 10 часот е закажана владина седница со една точка на дневниот ред, трагедијата во Тетово.





