На денешната седница, владата донесе одлука 2 јануари да биде неработен ден за администрацијата.
Иако нема образложение за одлуката, Владата повика ова да биде прифатено и од приватниот сектор.
2 јануари како и 2 мај беа неработни денови до 2006 година кога тогашната влада предложи нивно укинување заради „усогласување на регулативата и одбележувањето на овие два празника со европската и светската практика“.





