За македонската влада предлогот на Макрон е одлична шанса за сите земји што не можат да влезат во ЕУ.
Одговорајќи на новинарското прашање Портпаролот на владата Душко Арсовски ја коментира изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за воспоставување на европска политичка заедница во контекст на спорот Софија-Скопје.
„Предлогот на Макрон го сметаме за одлична можност за обединување на земјите кои не успеале да влезат во блокот или не сакале во одреден момент, со оглед на новонастанатата геополитичка ситуација“, рече Арсовски кој не прецизираше дали предлогот може да ја опфати и Македонија ако продолжи бугарската блокада кон ЕУ.
Позицијата на владата Арсовски ја прочита од претходно подготвен текст.
Македонија која стана земја кандидат во 2005 година а 13 години добива препорака за почеток на преговори е земја која може да се квалификува како земја која не може да влезе во ЕУ поради блокадите од Грција и сега од Софија.
Според владата предлогот на Макрон е поттикнат од потребата да се даде еден вид заштита на европската перспектива и можности за поврзување и соработка на Украина, Молдавија и Грузија со Унијата, без притоа да чекаат да ги исполнат сите критериуми што се потребни за земјите кандидатки за членство.
Францускиот претседател Макрон повика да се формира „европска политичка заедница” за зајакнување на соработката на ЕУ со другите европски земји, поради тоа што членството на тие земји во Унијата не е реално во блиска иднина. Укажувајќи дека треба да се преуредат основачките договори на ЕУ, Макрон истакна дека во наредните недели би можеле да се одржат разговори за институционални реформи и дека за нив би можело да се дискутира на следниот Самит на лидерите на ЕУ.
Германскиот канцелар Олаф Шолц предходно оцени дека идејата на Макрон за формирање „европска политичка заедница” е интересна, но и дека тоа не треба да ги спречува да го завршат она што е започнато со земјите од Западен Балкан кои донеле храбри одлуки, при што, како пример ја наведе Македонија.
Одговорот на Арсовски по 14,30 секунда






