Владата на денешната затворена седница го повлекла предлогот 28-годишната презентерка, Бесмира Ејупи, да биде нов генерален конзул во Њујорк, дознава Телма.
Николоски: Не знаат ни каде ја праќаат госпоѓава за конзул
Предлогот за именување на Ејупи, кој предизвика лавина реакции во јавноста, беше прифатен пред два дена, исто така на затворена владина седница.
Покрај реакциите се покажа дека иЗаконот за надворешни работи предвидува доколку ако кандидатот за генерален конзул не доаѓа од составот на професионалните дипломатски редови во МНР, тогаш треба да биде афирмирана личност во областа на надворешната политика и меѓународните односи.
Ејупи во совојата биографија како работно искуство има наведено дека работела како презентерка во четири телевизии.
МНР денеска реагираше на објавените информации околу назначувањето од страна на владата на Ејупи.







