Владата го повлече скандалозното сочувство за смртта на Елизабета Втора

Владата вчера доцна вечер го повлекла официјалното соопштение со сочувство по повод смртта на британската кралица.



Откако првично беше објавено скандалозно соопштение во кое беа напишани низа небулози во сочувството вчера вечер владата објавила ново сочувство во кое повторно има грешки но ги нема ординарните глупости напишани во првата објава.

За срамната објава на владата реагирааа и професионалците во областа на протоколот.

,, https://vlada.mk/node/30127

Во врска со телеграмата за сочувство испратена од нашата влада по повод смртта на Елизабета Втора, само ќе порачам до владиниот протокол дека кралица/крал се ословуваат со величество, а не височество.

Околу стилот на телеграмата, светлите факели, планетарните освестувања и трезвените моменти, и сето тоа нелекторирано, оставам секој сам, почитувани пријатели, да процени.

Се надевам дека барем верзијата на англиски јазик е подобра”, пишува во реакцијата на Академијата за протокол.

Во новата објава на владата која е кратка повторно има грешки но барем се избегнати срамните фрази кои ја ставија цела Македонија во нелагодна позиција.

,,Во името на граѓаните и Владата на Република Северна Македонија оддаваме почит и длабоко сочувство до Владата на Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и нејзиниот народ по повод смртта на нејзиното величество Кралицата Елизабета II.

Кралицата Елизабета II, беше составен дел од современата историја и сведок на неверојатни општествени пресврти и трансформации во изминативе 70 години.

Истовремено во овие моменти даваме почит и поддршка за нашиот долгогодишен пријател, Кралот Чарлс III, заедно со новата Влада предводена од нејзината екселенција Лиз Трус, со надеж за понатамошна уште поинтензивна соработка помеѓу нашите пријателски народи”, пишува во новата објава на владата за смртта на британската кралица.