Владата го ангажира, тој не нарекува Северномакедонци, Пендаровски и Заев не реагираат

Член на таканаречената Охрид група која беше формирана од владата на СДСМ и ДУИ за да лобира за Македонија во светот целосно го смени македонскиот идентитет.



На средба со На 20- годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, екс генералниот секретар на НАТО Лорд Џорџ Робертсон употребил термин Северномакедонци.

Во својот говор тој ги спомена „храбрите и талентирани Северномакедонци“.

Претседателот Стево Пендаровски, имаше средба со Робертсон, кој е во Скопје, по повод одбележувањето на 20 годишнината од Охридскиот договор.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на Пендаровски на средбата ја нагласил клучната улога на поранешниот генерален секретар на НАТО, Робертсон во надминувањето на конфликтот во 2001 година и постигнувањето на Охридскиот рамковен договор.

Ниту владата ниту претседателот не реагираа на навредливото преименување на Македонците од страна на Робертсон.

Видеото е на Канал 5