Владата во своето денешно соопштение за јавност го ,,дотепа” вицепремиерот Артан Груби и отвори пат за истрага од Обвинителството и Антикорупциската комисија.
Во реакцијата во која се зборува за безбедноста како врвен приоритет во едно демократско општество владата на Република Македонија го осудува чинот на палење на возилото кое го користел првиот заменик претседател на Владата, Артан Груби и смета дека истото е акт на насилство кој е целосно неприфатлив и недозволив во едно демократско општество кое се залага за европски вредности.
Со оваа потврда дека вицепремиерот возел Ауди што не е на негово име во официјална владина изјава обвинителството и Антикорупциската комисија имаат директна основа да поведат истрага за поседување на скриен имот од страна на Артан Груби.
,,Сите надлежни институции, истражните и судските органи, во рамките на своите надлежности постапуваат без одлагање, одлучно и професионално со цел целосно разрешување и расчистување на овој случај во најбрз можен рок”, бара владата која е свесна дека во расчистувањето на случајот ќе се откријат врските меѓу Груби и човекот кој му го дал аудито на користење со години.
Ако се утврди дека донаторот на аудиото на Груби има бизнис релации со владата или ДУИ, за што има сериозни индиции, владата со денешното соопштение го уништува својот прв премиер.





