Не пораснала корупцијата туку граѓаните имаат погрешна перцепција за нивото на корумпираност на државните и локални функционери и институциите.
Ова е ставот на владата откако денеска Македонија дојде до историски рекордно високо ниво на индексот кој ја мери корупцијата.
Вицепремиерот Љупчо Николовски, меѓу другото задолжен и за борба против корупцијата, во коментар за ИРЛ вели дека последното рангирање на Транспаренси Интернешнл не значи дека „корупцијата пораснала, туку резултатите се перцепција на граѓаните“.
Николовски за порталот дава три причини зошто граѓаните не можат да ја видат реалноста во која корупцијата не е зголемена.
Според вицепремиерот во јавноста сега имало слобода да се зборува за корупција, граѓаните имале невозможно високи очекувања и корупцијата била дел од колективната свест.
„Медиумите се послободни и може да се известува за случаи за кои порано поретко се слушало. Граѓаните очекуваа драстична промена во судството, која, како чесна и отчетна Влада би морале да кажеме, е помакотрпна од очекувањата, но сепак тековна. Државата сѐ уште е во процес на градење на колективна свест за штетното и разорно дејство на корупцијата, но ситното подмитување (активно и пасивно) тешко се искоренува“, вели Николовски за ИРЛ.
Николовски не открива како секогаш кога на власт е коалицијата СДСМ и ДУИ нивото на корупција оди до индекс 100 и над него.
Целата информација на овој ЛИНК
Поврзана вест





