На својата официјална веб-страница Владата објави список со платите на премиерот, вицепремиерите и министрите за месец декември.
Во списокот има податок за нето платата, додатокот за минат труд и вкупната нето плата, како и информација за стажот на функционерите.
Највисока нето плата зема премиерот Зоран Заев. Таа вкупно изнесува 87 813 денари, од кои 8 973 се за минат труд. Премиерот е и меѓу првите пет со ајвисок стаж од 22 години.
Втор на списокот е министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со вкупна нето плата од 85.113 , а ведназш зад него е министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, со 74.273 денари нето плата од кои 9.303 се за минат труд. Шахпаска е и министерката која зад себе има најдолг работен стаж од 28 години.
Министерките за одбрана и култура, Радмила Шекеринска има 72.989 денари, а Ирена Стефоска 72.670. Тие се на врвот на листата и според стажот, министерката за одбрана има 24 години, а министерката за култура 23.
Следни на листата се вицепремиерите за европски и економски прашања, Никола Димитров и Фатмир Битиќи, кои земаат идентична плата од 71.385 денари, а имаат и исти години на стаж – 19.
Првиот вицепремиер Артан Груби, пак, зема плата од 70.102 денари, а зад себе има 15 години работен стаж.
Останатите плати се движат од 68 до 70.000 денари, а единствено под таа граница се двајцата министри за животна средина и за информатичко општество и администрација, Насер Нуредини и Јетон Шаќири, кои земаат најниски плати од 65.612 односно 65.292 денари. Кај министерот Шаќири, во графата не е наведено дека има работен стаж.





