Владата фатена како безочно лаже за домашното производство и увоз на струја

Порталот Фактор направил анализа на фалбата на ПР тимот на Владата кој го глорифицираше 24 октомври како ден без увоз на струја кога пропагандата на СДСМ и ДУИ објавија дека ЕСМ целосно ги задоволил потребите на домаќинствата и најмалите потрошувачи.



Сепак според Фактор владата лажела кога се пофалила во јавноста за наводниот успех на ЕСМ на кој му единствена работа да ги задоволи потребите за струја.

,,А кога ќе ги извадат розевите очила од ПР тимот ќе видат дека тој ден ЕСМ „успеал“ да ангажира „дури“ 46% од својот инсталиран капацитет, а тој ден увозот во електроенергетскиот систем бил околу 2.000 мегаватчасови што е над 15 отсто од целата потрошувачка. А домашните фирми кои го сервисираат буџетот никој не ги есапи, тие нека плаќаат маџарски цени за бугарска струја”, пишува Фактор во анализата која ја открива владината манипулција.

Владата објави дека домашната државна компанија за производство на струја ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) на 24 октомври успеала да ги покрие целосно потребите на малите потрошувачи и на домаќинствата. Во насловот на веста е потенцирано без увоз. Дали ова треба да биде глорификација на успех? Дали владиниот ПР тим ја има комплетната слика и го знае целиот контекст односно потрошувачката за тој ден, прашуваат од порталот и даваат одговор:

Според диспечерскиот извештај на МЕПСО достапен на овој линк https://www.mepso.com.mk/files/mk/dnevni/%D0%98%D0%BD%D1%84%D0%BE%D1%80%D0%BC%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%2024.10.2022.pdf тој ден потрошувачката на струја била над 13.000 мегаватчасови, а ЕСМ од својот термо и хидро капацитет производел 11.061 мегавачас. Значи увоз сепак имало. Точно би било да се каже дека ЕСМ не увезол струја, а и би било срамота на ова топло време и на големината на инсталираниот капацитет да увезе.

Следно и поважно. Колку навистина произвел ЕСМ струја тој ден, прашува порталот специјализиран за економски теми.

,,Вистината е дека најголемата производна компанија од своите термоцентрали тој ден произвела 8.665 мегаватчасови струја. И колку е тоа? Тоа е помалку од половина од тоа што, теоретски или на хартија, може или треба да може да го произведе ЕСМ. Неговите термоцентрали РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј заедно имаат инсталиран производствен капацитет од 810 мегавати, а на 24 октомври просечно во функција биле 361 мегават односно 44,6% од инсталираниот капацитет”, објаснуваат од Фактор.

Повеќе детали на овој линк