Владата денеска може да ја разреши директорката во Телеком Дардишта што се закани со војна

Владата на Република Македонија која денеска ќе ја одржи 119-тата редовна седница може да ја разреши директорката во Управниот одбор на директори Шкодране Дардишта која предходно повика на војна а Македонски Телеком ја повика владата да реагира што може да значи и смена на својот претставник во германската фирма.



Во најавата од Владата се вели дека денеска на дневен ред ќе има повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните но нема најава дека ќе стане збор за Дардишта.

“На седницата, на дневен ред покрај повеќе предлог-закони за изменување и дополнување на законите кои се однесуваат на подобрување на социјалната заштита, заштита на децата е и Информацијата за текот и прогресот на спроведувањето на новиот модел за проценка на дополнителна образовна, здравствена и социјална поддршка на деца и млади, базиран на Меѓународната класификација на функционирање (МКФ).

За заклучоците и одлуките од денешната редовна Владина седница, којашто ќе се одржи со почеток во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување”, стои во владиното соопштение.

Откако минатата недела Дардишта упати закана за војна преку Фејсбук а граѓани најавија бојкот на Македонски Телеком германската компанија каде акции има и владата се огради од својата директорка барајќи Владата на Заев која што ја избрала да преземе мерки против неа.

Шанса за смена на Дардишта Владата на Заев има денеска на својата седница.

Доколку владата не ја смени тогаш тоа може да значи дека Заев и неговите министри немаат ништо против заканите за војна на Дардишта.