Владата демантира: Не постои никакво вакцинирање министри

На официјалниот твитер профил на Портпаролот на Владата се демантира дека тројца министри од актуелниот владин состав наводното се вакцинирале, откако веста ја објави албански портал, а ја презедоа медиуми во земјава.



Во прилог твитер статусот пренесен во целост:

„Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање министри! Ги повикуваме пратеникот и порталите кои ја шират оваа тешка дезинформација да се откажат од манипулациите со населението во овие моменти на тешка здравствена состојба во државата“ – се вели во демантот од Владата.

Од владиниот кабинет предупредуваат дека се шират лажни вести и апелираат да не се манипулира со јавноста.

Владата ги демантира обвинувањата за „ВИП-вакцинација“ против ковид-19 откако пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски и неколку портали, повикувајќи се напис во албанскиот медиум „Њуз 1“, обвинија дека министрите Мила Царовска, Бојан Маричиќ и Артан Груби се вакцинирале преку ред.