Владата да не го лаже народот за бегалците бара шефот на собраниската комисија за надворешна политика

Тврдењето на советникот за надворешна политика на премиерот Заев, Едмонд Адеми, дека владата има точни сознанија за бегалците од Авганистан предизвика реакција.



“Цела влада лаже❗
Ниту држава која има своја амбасада со броен персонал во Кабул во тој хаос не може да има точни безбедносни податоци за бегалците од Авганистан, а не пак Македонија каде 215 меѓународни мафијаши со дрога се прошверцуваа и си добија наши лични карти и пасоши.

📌 Словенија ќе прифати само 10, Естонија 10, Грција 15, а Хрватска 20 нивни долгогодишни соработници во Авганистан – и ова се сериозни НАТО држави, со многу поголем капацитет за проверка на бегалците и со многу пофункционален систем за нивно прифаќање и интеграција”, пишува пратеникот и претседател на комисијата за надворешна политика во Собранието Антонио Милошоски.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=4649764325042997&id=137339409618867

Милошоски реагира на изјавите на Адеми

Адеми: Ќе примиме бегалци од Авганистан кои ни помагаа како членка на НАТО