Владата цел месец молчи за директор на ДУИ што го крши законот (ВИДЕО)

Владата на Димитар Ковачевски цел месец молчи за директор на ДУИ кој што го крши законот и кој според Антикорупциската комисија треба да биде веднаш сменет и гонет од обвинителството на Јовески.



Директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Фатмир Арифи, кадар на ДУИ, се правда дека секторот за човечки ресурси во Инспекторатот го препишал стариот анкетен лист, наместо да барал нови податоци од Катастарот и МВР, иако декларирањето на имотот што го поседува е негова лична законска обврска како функционер, објавува 360 Степени.

Државната Комисија за спречување на корупција веќе утврдила дека директорот на ДИГУ не пријавил два стана и автомобил поради што побарала од Владата да биде разрешен, а од Обвинителството кривично да го гони. Еден месец подоцна Фатмир Арифи е сè уште директор, а од Владата нема информација дали и кога иницијативата на ДКСК ќе се најде на дневен ред.

Еден стан во Чаир, друг во Железара и возило „форд мондео“ – е непријавениот имот на директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Фатмир Арифи, за кој пред еден месец Антикорупциската комисија откри дека ги поседува, но не се во неговиот анкетен лист – иако пријавувањето му е законска обврска. Становите ги стекнал по пат на легализација, што значи биле изградени на диво. За непријавувањето, директорот веќе платил прекршочна глоба, а за еден од становите, во допис до ДКСК, тврдел дека го купил со пари од препродажба на автомобили, објави 360 степени.

Целата сторија