Власта бара професор по етика кој може да патува низ времето (ФОТО)

Оглас за вработување на наставник по етика во училиштето во Василево ќе ги урне сите закони на физиката и науката ошто.



Ако има таков наставник што ќе го прочита огласот денеска а ќе поднесе документи вчера новиот вработен треба веднаш да биде номиниран за Нобелова награда и да стане член На МАНУ.

Шегата настрана, паничниот обид на власта да вработи свои луѓе на државна плата пред целосниот колапс на системот доведе до ненормални огласи кои се косат со сите закони на природата а беа објавувани и во време на викенд.

Огласот го објавуваат локалните образовни институции во Василево со дозвола од Министерствата за образование и администрација односно владата на СДСМ и ДУИ.

Најчитана вест денеска

Нема играчка со Делчев, АСНОМ, Мисирков….

Апсолутно неприфатливо: Македонската комисија не му дава простор на Заев за трговија со историјата