Владата бара отчет од Тупанчески

ицепремиерката за добро владеење Славица Грковска, во чиишто овластувања спаѓа и надзорот врз почитувањето на Етичкиот кодекс на функционерите, денеска испратила официјален допис до министерот за правда Никола Тупанчевски, со кој побарала извештај и сметки за престојот на министерот во Палермо, пишува СДК.мк.



Грковска побарала отчет од Тупанчески за транспортните трошоци, за начинот на кој што влегол и добил место во ложата на фудбалскиот натпревар Италија-Македонија, како и за престојот во хотелот.

Тупанчески беше „уловен“ од камерите од телевизискиот пренос како се радува на победоносниот гол на Александар Трајковски, а заедно со него во првиот ред од ложата за важни гости беа вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи и претседателот на Основниот суд Кавадарци, Лазар Нанев.

И претседателката на Антикорупциска комисија Билјана Ивановска во петокот, ден по натпреварот во Палермо, ги повика тројцата да кажат кој им го платил патувањето.