Пописот е граѓанска обврска и таа е регулирана со закон, а повикување на бојкот е кривично дело, изјави денеска на прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски. Тој рече дека тоа е утврдено со членот 387 од Кривичниот законик и дека санкциите можат да бидат парични, но и со затворска казна од една до пет години.
Портпаролот Арсовски го цитираше и членот 387 од Кривичниот законик:
„Тој што ќе организира други на отпор или на непослушност спрема законити одлуки или мерки на државен орган, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години. (2)Ако поради делото од став 1 дошло до неспроведување или до значително отежнување на спроведувањето на законита одлука или мерка на државен орган или делото го стори како водач на група, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години”. (МКД.МК)







