Став на Владата за декларацијата за Гоце Делчев, поднесена минатата седмица од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е дека непотребно донесување на ваква декларација укажувајќи дека Собранието веќе има усвоено резолуција за утврдување на државните позиции во преговорите со Бугарија и оти Гоце Делчев воопшто не е предмет на преговорите.
„Многу е важно сите политички и општествени чинители да се воздржат од дневно-политичко поентирање и профитирање врз грбот, ликот и делото на нашиот великан Делчев. Апелираме Делчев да го чествуваме и славиме одговорно и достоинствено. Не смее да се злоупотребува големиот Делчев за создавање конфликти и нетрпеливости, било да е тоа дома или пак надвор од нашите граници.
Имаме обврска да сме внимателни, посветени и достоинствени во јавните комуникации кога е Делчев во прашање бидејќи тој токму тоа најмногу го заслужува“, посочуваат од Владата за МИА.
Владејачката СДСМ претходно се изјасни дека нема да поддржи таква Декларација, додека ВМРО-ДПМНЕ смета дека овој документ е неопходен доколку сакаме да ја зацврстиме државната позиција.







