Генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, пред денешната средба на Гаши со премиерот Зоран Заев на која ќе се разговара за влез на Алтернатива во Владата вели дека таквата влада нема да успее.
„Не се знае што понатаму ќе се случува, а за Алтернатива можам да кажам дека самата партија треба да донесе одлука како мислат дека е најдобро за нив, но мислам дека бродот на Заев полека тоне“, изјави генералниот секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари за телевизија Шења.
Според него, ако влезе Алтернатива повторно во таа Влада во која е и ДУИ, можно е брзо да се „истроши“’.
„Сметам дека оваа Влада нема да ‘плови“ подолго од пет – шест месеци. Освојувањето на локалната власт од страна на ВМРО-ДПМНЕ брзо ќе ја троши енергијата на Владата“, коментира Таравари. МКД.Мк.







