Премиерот Оливер Спасовски на неговиот твитер-профил објави дека од наредниот викенд ќе биде дозволено шетање на милениците од 20 до 20.30 часот, но најмногу до 100 метри оддалеченост од мнестото на живеење на сопствениците.
Ова било одлучено денеска седница на Владата со цел да им се излезе во пресрет на домашните миленици.
Сопствениците на домашни миленичиња реагираа дека одлуката за забрана за движење после 16 часот за викенди е штетна за здравјето на милениците.





