„Џезаир Шаќири има времен договор со времетраење од една година, со висина на примања од 36.000 денари месечно“ , се вели во денешното соопштение од Владата.
По информациите дека е назначен за советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, Шакири викендов на Фејсбук се пожали дека ниту бил избран за премиер, ниту за прв парламентарец, туку само – да преживее….„Секакви луѓе има во владата избрани на разни функции, а вие реагирате за мене – напиша на својот Фејсбук профил Џезаир Шакири познат како командант Хоџа, и објасни:
„Откако Заев победи на последните парламентарни избори имавме еден политички договор, јас да го ослободам Танушевци и тој да ми обезбеди владина функција блиску до него, како гаранција за мојата безбедност. Фактички, Заев направи математика да ме приближи до себе и да нема никакви проблеми. Јас не сум направил договор со Заев за гласови и очекувам овој договор премиерот да го испочитува“ – напиша командат Хоџа.
Во соопштението од владата уште се вели: „Поранешниот претеник во Собранието на Република Македонија, Џезаир Шаѓири е времено ангажиран како Надворешен соработник од областа на внатрешната безбедност и борба против радикализмот, за потребите на Канцеларијата на Претседателот на владата на Република Македонија“.





