„ Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се факти потврдени од Обединетите Нации и за ова не смее да постои дилема.



Владата на Република с Македонија е за дијалог којшто ќе доведе до решенија на отворените прашања. Сметаме дека во оваа фаза, со давање политички изјави, не треба да се нарушува процесот на разговори којшто се води меѓу двете министерства за надворешни работи. 

Ова е ставот на македонската Влада даден за Фактор по вчерашната изјава на министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, за Ројтерс.

„Потсетуваме дека нема потреба од нов договор, ниту од анекс на Договорот. Во рамките на постојниот Договор, Владата е подготвена да прифати појаснување на одредени загрижености коишто постојат во Софија и сметаме дека на таков начин, гледајќи низ позитивна призма, Република Северна Македонија ќе ја оствари целта- до крајот на годината да ги почне преговорите за членство со Европската Унија. Факт е дека имаме заедничка историја којашто е потврдена во Договорот за доброседство, пријателство и соработка и ако се фокусираме кон иднината, заедничката историја треба да се искористи за да се најде решение. Владата на Република Северна Македонија ги охрабрува експертите од заедничката Комисија за историски прашања да продолжи кон изнаоѓање решенија“, велат од Владата за Фактор.