Од утре од 22 до 05 часот стапува на сила полициски час и оваа одлука ќе трае во следните две недели, по што ќе се разгледува повторно и анализира епидемиолошката состојба.



Одлуката е донесена на денешната седница на Владата.

Министерот Венко Филипче по вчерашната средба со Комисијата образложи дека овој предлог е поради тоа што изминатите недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерки за носење на заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.