По повиците од дел од градоначалниците од Полошкиот регион, наставата зимава да се спроведува онлајн или да се зголеми зимскиот распуст за да нема трошоци за загревање на училиштата, од Влада со со став дека во интерес на учениците физички да присуствуваат на настава.
„Нема промена во начинот на реализација на наставата со физичко присуство во основните и средните училишта. Трошоците за загревање на училиштата се во надлежност на општините, односно локалната самоуправа, и за тоа од Министерството за образование се исплаќаат дотации до општините.
Важно е да се каже дека тие се одговорни и во интерес на учениците е физичко присуство на наставата“, кажа владиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес-конференција.







