Влада на РМ: Спортските коментари да бидат и на македонски и на албански јазик

Talking sport event commentator or radio dj in headphones on the air. TV studio

Владата им препорача на сите радиодифузери што реемитуваат спортски содржини на територијата на Македонија, најдоцна до 31 декември да почнат да ги применуваат одредбите од Конвенцијата на ЕУ за прекугранична телевизија и да ги емитуваат спортските медиумски сервиси на македонски и на албански јазик.



Овој заклучок Владата го донесе по разгледувањето на извештајот на работната група за изнаоѓање начин за регулирање на јазично покривање на македонски и на албански јазик на спортските канали кои се реемитуваат на територијата на Македонија.