Влада: Лидерска без Мицкоски нема поента

Од Владата денеска и официјално соопштија дека премиерот Зоран Заев се откажува од лидерската средба закажана за денеска откако лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоцски, одби да присуствува доколку на дневен ред не се – предвремени избори.



Од владата велат „дека нема поента Заев да одржува лидерска со коалициските партнери со кои редовно се среќава“, пренесува “Фокус“.

„Владата на Република Северна Македонија информира дека не се создадени услови за постигнување консензус за организирање на лидерската средба закажана за денеска и дека таа нема да се одржи. Владата одбива да прифаќа ултиматуми од неодговорниот партиски претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој заштитата на криминалот и заложбата за блокади и изолации ги става пред државните интереси за напредок на нашата земја“, се наведува во соопштението на владината прес-служба.

Премиерот Зоран Заев и лидер на СДСМ , синоќа на сопартијците им рекол дека нема логика за одржување лидерска средба без Мискоски.

Заев ги повика повика претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на Алијансата за Албанците, на лидерска средба на која требаше да стане збор за три теми, изборниот законик, пописот и законот за јавно обвинителство.