Владата денеска донесе одлука за определување највисоки цени во трговијата на мало на огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев кои ќе се применуваат до 31 декември годинава.
Највисоката цена на огревното дрво ќе биде до 4.500 денари за просторен метар (МПР), односно до 6.429 денари за кубен метар (м3).
Највисоката цена на пелетите за огрев ќе биде до 27 денари за еден килограм.
Во цената на стоките се вклучени и ДДВ и транспорт.







