„ Владата доби известување од Амбасадата на САД и од изведувачката на химната Тамара Тодевска дека станува збор за ненамерна грешка при изведување на химната, како и уверувања за највисоко ниво на почит кон македонските традиција и херои“, се наведува во соопштението од Владата вом кое се честита националниот празник 4 јули на САД.
При пеењето на химната на Република Македонија, пејачката Тамара Тодевска ги изостави стиховите во кои се споменуваат имињата на Гоце Делчев, Питу Гули и Јане Сандански кои е вградени во текстот на химната кој, покрај некои верзии, официјално е усвоен во 1991 година.
Тодевска се извини за пропустот, а извинување бидејќи не бил изведен официјалниот текст на фицијалната химна на Македонија, денеска беше лиферувано и од Амбасада во земјава.





