„Ние се надеваме дека Садула Дураку ќе донесе многу со неговото искуство. Што се однесува до неговите примања, тие ќе бидат исти како и на неговите претходници“, истакна портпаролот на владата, Мухамед Хоџа.
Досегашниот министер за животна средина во јавноста беше познат по само една изјава, дека „не се бави со граѓаните“ во екот на најголемото загадување минатата зима.
Дураки, кој со реконструкцијата на владата, од Минситер за животна срдина беше трансформиран во прв човек на Министерството за полуитички систем, претходно беше и градоначалник на Липково.
Во 2001 година, како еден од команданите на паравоената ОНА, тој го доби и прекарот „командант Вентили“ откако го запре снабдувањето на Куманово со вода.





