Денешното апсење на шефицата на СЈО, Катица Јанева, осомничена во случајот „Рекет“, потврдува дека пред законите секој е еднаков и одговорен, изјави портпаролот на Владата, Муамет Хоџа.



„Резултатот да биде базиран исклучиво на докази согласно правото. Одговорност мора да има за сите инволвирани. Стоиме на располагање на сите правосудни органи се со цел овој случај да се расветли до крај“, вели Хоџа.

Од Владата велат дека случајот не смее да се злоупотребува и тој не треба да биде пречка за евроатлантските аспирации на Северна Македонија.