Вјоса Османи денеска во Тетово

Претседателката на Косово, Вјоса Османи Садриу, денеска ќе престојува во официјална посета на Општина Тетово.



Предвидена е средба со тетовскиот градоначалник Билал Касами, по што претседателката Османи ќе го посети ООУ „Лирија”.

На градскиот плоштад предвиден е музички настап со стари народни песни, по што ќе замине во Шарена џамија.

Секторот за внатрешни работи Тетово информира дека денеска во градот ќе воведе посебен сообраќаен режим во централното подрачје а временото сообраќајно ограничување ќе почне од 5 часот наутро се до завршувањето на официјалната посета.