Јапонија ја суспендираше употребата на околу 1,63 милиони дози на вакцината Модерна поради контаминација, објави Би-би-си.
Министерството за здравство објави дека „туѓи тела“ биле пронајдени во некои дози од вакцината.
Извештаите за контаминација пристигнале од 8 центри за вакцинација во 5 јапонски префектури, а присуството на туѓи материи било потврдено во 39 ампули.
Јапонското министерство соопшти дека употребата на серијата вакцини е суспендирана како мерка на претпазливост, што доведе до тоа неколку јапонски компании да ја откажат вакцинацијата на работниците, а европскиот регулатор за лекови да отвори истрага за случајот.







