Од средината на јануари до средината на март Авиокомпанијата „Виз Ер“ ќе ги укине редовните линии од Скопје – Луксембург, Скопје – Болоња како и авио-линијата Дортмунд – Ниш.
Причина е глобалниот проблем со моторите произведени од „Прет и Витни“.
Добавувачот на воздухопловната и матична компанија на „Прет и Витни“, „Ер-Ти-Икс“ врши контрола на квалитетот на моторите инсталирани во стотици авиони ширум светот, кои треба да се отстранат и испитаат.
„Компанијата продолжува да презема активности за да го ублажи секое финансиско и оперативно влијание и ќе бара финансиска компензација од „Прет и Витни“, соопштија од „Виз Ер“.





