Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“, која има голем број бази на територијата на поранешна Југославија, е принудена привремено да суспендира над дузина рути од Скопје, Белград, Тузла, Охрид, Приштина и Подгорица, поради ограничувањата за патување наметнати на државјани од овие пазари од други европски држави.
„Во претстојниот период од пет месеци ќе има многу неизвесности и индустријата ќе мора да научи како да биде флексибилна во прилагодувањето кон новите мрежни рути и прилагодувањето на капацитетот“, вели извршниот директор на „Виз ер“, Јозеф Варади.





