Витанов: За проширувањето на ЕУ – откако Макрон ќе биде реизбран

Бугарскиот европратеник Петар Витанов смета дека околу темата проширување на ЕУ може да има некакво раздвижување по претседателските избори во Франција.



Самото француско општество не е единствено за натамошното проширување на источното крило…Темата за прием на Македонија ќе се интензивира во втората половина на француското претседателство, кога Макрон ќе биде реизбран, вели Витанов за Њуз.бг.

Според него приоритет на француското претседателство имаат теми како онаа за посуверена ЕУ, која ги вклучува и реформите на Шенген системот.

Друга важна тема за француското претседателство ќе биде надминувањето на нееднаквостите во ЕУ и правичната минимална плата.

За Витанов позитивна е посетата на премиерот Кирил Петков на Македонија бидејќи го обновува дијалогот.

Европратеникот е дециден дека е дојдено време за ново проширување, но реално тоа нема да се случи во следните 7-8 години.