Зоран Витанов поранешен заменик министер за економијаи претатеник и еден од сопствениците и основачите на Трејд Консалтинг, компанија која нуди услуги во областа на економијата и финансиите предупредува дека земјава никогаш порано не била задолжена како сега.
„За прв пат задолженоста на Република Македонија е 70%“, односно седум милијарди евра“, посочи Зоран Витанов во изданието „Прашањето ми е следно“ на Инфомакс, нагласувајќи дека тоа е надворешен долг, а никој спомнува за задолженоста на државните институции.
„Ние должиме седум милијарди кон надвор. Знаете ли колку е долгот на јавните претпријатија на Република Македонија на локалната самоуправа? Знаете ли колку е долгот на државните институциии на Република Македонија. Збирно кога ќе собереме две милијарди, долг којшто државните институции должат, а не се бројат во тој долг кој сите ние го гледаме кон ММФ, кон меѓународните институции. Значи Македонија е многу позадолжена отколку што мислиме.
Витанов појасни и дека Македонија како земја е енергетски зависна, но и екстремно зависна од увоз на храна, поради што нето одливот од државта секогаш е драстично повисок од приливите, што заедно со задолженоста, ја доведува економијата во земјата во една состојба на бесперспективност.
…Без драстични промени во економските политики, и поставување на вистински критериуми и вредности, целиот овој долг ќе падне на грбот на граѓаните кои ќе мораат да го исплатат од свој џеб, вели Витанов.

.






