Министерот за земјоделие Љупчо Николовски се пофали дека денеска засадувал фантастични 100 илјади садници.
,,Заедно со младите љубители на природата извидниците од извидничките одреди “Скаут” и “Наум Наумовски Борче”, денеска на опожареното подрачје во село Петралица засадуваме над 100.000 садници од бор и багрем”, вели Николовски во објавата на социјалните мрежи.
Дилемата дали Николовски навистина засадувал толку многу дрвја се јавува ако се спореди дека пред десетина дена група ентузијасти собрани од британскиот амбасадор во Македонија објавија дека посадиле само 70 садници.
Тоа значи дека Николовски со својата група која е неколку пати поголема од таа на британското амбасадор и засадил 1428 пати повеќе дрвја.
Дури и ако Николовски со својата екипа сади 8 дена повторно нема никаква математичка логика тој во акцијата да засадил 180 пати повеќе од екипата на Метју Лосон која садеше во чест на покојната британска кралица а на која и помагаа стручњаци за садење дрвја.
Во Скопје засадени 70 дрва во чест на платинестиот јубилеј на покојната кралица Елизабета (ГАЛЕРИЈА)






