Еден од највлијателните луѓе во ДУИ Невзат Бејта кој беше градоначалник на Гостивар со тешки јавни критики и навреди кон вицепремиерот и најблискиот човек на Ахмети, Артан Груби.
Во интервју за Алсат Бејта коментира дел од актуелните прашања во албанскиот политички блок.
,,Што се однесува на соработката со Арбен Таравари, соработката била уште во 2017-та. Таа била тајна соработка и координатор беше Талат Џафери. Како последица на тоа што ние излеговме тогаш, тие се мобилизираа и креираа нивни структури за да ме елиминираат мене од Гостивар и му помогнаа на Арбен Таравари, беа во коалиција, вели Бејта за можната коалиција на ДУИ со Алијанса во владата.
Бејта беше прашан за Ахмети кој вели дека не го дава Артан Груби.
,,Јас сакам да го поставам прашањето користејќи се со една ваша изрека. Колку карати е Артан Груби, праша новинарката.
,,Артан Груби не е од металите кои се мерат со карати, туку е еден метал кој нема карати, бидејќи ако имаше карати ќе беше добро. Тогаш немаше да прави раскол во ДУИ. Тие што немаат карати се железото, тенеќето овие… Металите кои имаат карати се добри метали и вредни кои луѓето ги сакаат и врз основа на металите кои се вредни се мери и квалитетот на металот, но и луѓето врз основа на добрите работи кои ги прават и тие се мерат во карати. Ако прават сплотување и ако не прават елиминирање на членството и ако не им штетат. Но тие и им се закануваат на членовите бидејќи ја имаат власта, но членовите не се плашат”, е одговорот на Бејта.
Видеото на овој линк





