Висок функционер во МВР вршел влијание на полициски службеници за случајот со Дрин Ахмети.
Ова го тврдат припадници на МВР кои откриваат дека функционерот е кадар на ДУИ.
Засега не сакаат да го кажат со име и презиме но очекуваат утре на првиот работен ден од новата година функционерот во МВР да биде пријавен до соодветните тела во министерството за внатрешни работи за попречување на правдата.
Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека @ МВР случајот е затворен и тој сега е во рацете на Скопското јавно обвинителство кое го води Гаврил Бубевски.
Откако завчера во полициска станица на записник, Дрин Ахмети кажал дека пиротехниката е купена од продавница но немал фискална сметка и не дал име и локација на продавницата вчера дошло до незаконска активност на функционерот на ДУИ во МВР.
Вчера изутрина високиот функционер бил во седиштето на Одделот за Недозволена трговија и шверц (НТШ) во Полицислата станица во Гази Баба обидувајќи се да влијае на квалификација на поднесокот против Дрин Ахмети.
Според изворите во МВР кои велат дека лесно може да се види кога точно функционерот бил во НТШ тој барал наместо по 396 од Кровичниот Закомик на РМ да му се поднесе пријава по прекршок по член 69 став 4 од законот Законот за заштита од експлозивни материи.
За првиот член казната може да биде и 10 години затвор а за вториот е предвидена парична глоба од 200 до 400 евра.
Во врска со изјавата на ОЈО дека треба да се прават вештачења на пиротехниката, коментарот на полициските службеници во МВР е дека ОЈО му купува време на Дрин Ахмети за да најде фискална сметка од овластен продавач како би докажал дека ја купил.
Обвинителството според полициски извори има тешка мисија да го спаси Дрин Ахмети затоа што тој
во гепекот на џипот со албански регистарски таблички имал и петарди за кои не може да најде фискална сметка и ќе мора да одговара.






